Фудбалот е магнет

Мундијалска грозница - Три и пол милиони барања за влезници се адресирани кон Русија

Неверојатни три и пол милиони барања за влезници има на адреса на ФИФА, за Мундијалот во Русија што ќе се игра идната година

објавено: 12 октомври 2017 - 18:02

Неверојатни три и пол милиони барања за влезници има на адреса на ФИФА, за Мундијалот во Русија што ќе се игра идната година.

Фудбалот е вистински магнет за публиката, а интересно што за премиерниот меч досега во првата рунда од продажбата има барање од 150 илјади луѓе, додека за финалниот меч за титулата само досега се пристигнати 300 илјади барања.

И заинтересираните се од сите страни на земјината топка, а ги има и од државите кои нема да играат на Свтеското првенство во Русија, идната година од 14. јуни до 15. јули.

Барањата се однесуваат само на еден месец од кога почна продажбата на 14. септември. И што е најинтересно уште не се познати сите учесници на Мундијалот. Во втората фаза од 16. ноември ќе почне втората фаза на продажба на билети, преку интернет сајтот на ФИФА, а дури во последната фаза  од 1. декември ќе бидат вклучени и националните фудбалски федерации. ФИФА на барање на Русија ќе воведе таканаречни фудбалски пасоши, со кои ќе има дополнителни попусти и олеснувања во превозот и влезот во земјата домаќин без виза. 

Најново во Меѓународен Фудбал