ПРВИОТ СПЕКТАКЛ ОВАА СЕЗОНА Е НА „ОЛД ТРАФОРД“

Мурињо без Лукаку: Погба капитен против Лестер!

Манчестер Јунајтед вечерва од 21:00 часот против Лестер на „Олд Трафорд" ја отвора новата сезона во Премиерлигата.

објавено: 10 август 2018 - 20:35

Тимот на Жозе Мурињо треба да се најде во трката за шампионската титула, иако во изминатиот период наиде на лавина критики поради слабата активност во текот на летниот преоден рок.

Тоа што најмногу ги загрижува фановите на „црвените ѓаволи" е што нема нов стопер. Португалскиот менаџер одлучи за вечерашниот дуел против Лестер да стартува без белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку, а капитенската лента ја има францускиот интернационалец Пол Погба.

Манчестер Јунајтед: Де Геа, Дармијан, Бејли, Линделоф, Шо, Фред, Погба, Андрес Переира, Мата, Санчез, Ерера.

Лестер Сити: Шмајхле, Амарти, Морган (капитен), Мегвајер, Чилвел, Ндиди, Силва, Рикардо, Модисон, Греј, Ихеаначо.

Најново во Меѓународен Фудбал