ЗА ДОБРИОТ СТАРТ ВО СЕЗОНАТА

Мурињо добива награда од Манчестер Јунајтед

Челниците на „црвените ѓаволи“ се подготвени да потпишат нов петгодишен договор со португалскиот стратег

објавено: 12 октомври 2017 - 15:10

Раководството на Манчестер Јунајтед сака да го награди тренерот Жозе Мурињо за добрите резултати кои ги има со тимот од „Олд Трафорд“, на тој начин што му нуди нов петгодишен договор. Мурињо минатата сезона седна на клупата на најтрофејниот тим во Англија и донесе два пехари во витрините. Манчестер триумфираше во Лига купот на Англија и Лигата на Европа, а го однесе тимот и во Лигата на шампионите.

Манчестер одлично ја започна и новата сезона во Премиерлигата, каде по првите седум меча има шест победи и само едно реми. „Црвените ѓаволи“ победија и во првите две средби во Лигата на шампионите. Токму поради ова, на Мурињо му се нуди нов петгодишен договор со вредност од 65 милиони евра. 

Португалскиот стратег досега никогаш не се задржал повеќе од три сезони на клупата на еден тим. Сега се очекува таа традиција да биде прекината во Манчестер Јунјатед. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал