МЕНАЏЕРОТ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО „БОЦНА“ РИВАЛОТ

Мурињо го притисна Ливерпул: Никој не троши пари како вас, треба да ја освоите титулата

„Ако парите ги инвестирате правилно тоа ќе биде подобро отколку да ги чувате во банка“, објаснува португалскиот стратег

објавено: 26 јули 2018 - 16:30

Англискиот гигант Ливерпул потрошил преку 250 милиони евра за нови играчи во 2018 година. Во тимот дојдоа најскапиот дефанзивен играч Вирџил ван Дајк (75 милиони евра) и најскапиот голман, Алисон Бекер (65 милиони евра). 

„Ако парите ги инвестирате правилно тоа ќе биде подобро отколку да ги чувате во банка. Најважно е да се вложат правилно парите. Искрено кажано според мене Ливерпул направи вистинска работа со купувањето на квалитетни играчи", вели Мурињо.

Португалецот додава дека со тие засилувања тимот од „Енфилд Роуд" мора да се бори за освојување на титулата. 

„Тимот кој играше во финалето на Лигата на шампионите, а сега донесе толку засилувања, едноставно е кандидат за освојување на титулата во Премиерлигата. Тие треба да ја освојат титулата“, додаде португалскиот стратег на чело на Манчестер Јунајтед. 

Најново во Меѓународен Фудбал