ПОРТУГАЛЕЦОТ „МУВА НЕ ГО ЛАЗИ“

Мурињо: Не одигравме лошо и не треба да се прави драма од ова

Навивачите бараат отказ за него, а Жозе си тера „свој филм“

објавено: 13 март 2018 - 23:57

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо воопшто не ни размислува да си даде оставка по неуспехот во осминафиналето од Лигата на шампиони. Според португалскиот стратег, Манчестер одиграл солиден меч, но и покрај поразот не треба да се прават драми.

„Првиот гол на Севилја беше многу важен. Ние се обидовме да играме агресивно уште од првата минута, но не успеавме да дадеме гол, а потоа Севилја ја превзема контролата на топката. Кога го примивме вториот гол, работата стана невозможна за нас. Имавме лоши периоди во мечот, но не можам да кажам ништо лошо за играчите и начинот на кој играа. Тоа е фудбалот. Ние загубивме, но утре е нов ден и ни претстојат нови мечеви. Немаме време за драми. Им честитам на играчите на Севилја и им посакувам успех понатаму во ЛШ“, рече Мурињо.

Најново во Меѓународен Фудбал