СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ГЛАВНА ЅВЕЗДА ВО ТИМОТ

На Ибра не му треба ни тренинг, директно ќе игра во градското дерби на ЛА

Златан денес ќе биде промовиран во новиот тим, а веќе в сабота на теренот ќе ги покаже своите квалитети

објавено: 29 март 2018 - 13:15

Златан Ибрахимовиќ е новата ѕвезда во Лос Анџелес. Еден од најдобрите напаѓачи во светот, во последните 20 години, потпиша за тимот на Галакси, а денеска е неговата промоција.  Навивачите на ЛА нема да чекаат долго, за да го видат Ибракадабра во акција. 

Според најавите, Ибрахимовиќ ќе биде во составот за дуелот в сабота против градсиот ривал Лос Анџелес, икако нема ниту еден тренинг со новиот тим. Златан веќе почна со свое шоу давајќи изјави во свој стил. 

„Многу сум возбуден. Знам зошто дојдов тука и што можам да направам. Ова е само уште една авантура за мене. Се радувам бидејќи ќе ја освојам Америка, исто како што ја освоив Европа“, вели Ибрахимовиќ, кој има играно за екипи како што се Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. 

Во клупскиот фудбал освои многу трофеи, но му недостасува тој во Лигата на шампионите. За репрезентацијата на Шведска одигра 116 меча и даде 62 погодоци. Со потпишувањето за Лос Анџелес Галакси, Ибра започнува нов предизвик, за прв пат надвор од Европа. 

Најново во Меѓународен Фудбал