По 22 години „владеење“ во Арсенал, францускиот стратег Арсен Венгер си оди од лондонскиот тим. Постојат многу шпекулации за тоа кој може да биде негов наследник, а последните информации се неверојатно. на местото на Венгер може да дојде човек кој никогаш претходно никаде не бил тренер.
Се работи за некогашниот играч за врска, 36-годишниот Микел Артета. Шпанецот играше за Арсенал од 2011 до 2016 година, кога поради тешка повреда мораше да ја заврши кариерата. Сега е можно да се случи токму Артета да биде човекот кој ќе го наследи легендарниот Венгер.