египетски адвокат најавува правна борба

На Рамос му се подготвува тужба од милијарда евра

Уште не стивнуваат реакциите по повредата на Мохамед Салах во дуелот со капитенот на Реал Мадрид. Над 300.000 фанови потпишаа петиција дека Рамос треба да биде казнет

објавено: 29 мај 2018 - 22:00

Уште не стивнуваат реакциите по повредата на Мохамед Салах во дуелот со капитенот на Реал Мадрид, во финалето од Лигата на шампионите. Над 300.000 фанови потпишаа петиција дека Рамос треба да биде казнет од ФИФА и УЕФА, но засега нема реакција од главните светски организации. 

Еден адвокат од Египет реши да поведе и правна постапка против Рамос. Басам Ваба најави дека ќе покрене тужба во која од Рамос ќе побара оштета од неверојатни една милијарда евра, поради повредата на Салах. 

„Рамос несомнено го повреди Мо Салах и затоа треба да биде казнет. Ќе поднесам тужба до ФИФА поради оваа негова постапка“, вели адвокатот, Ваба. 

Поради повреда на рамото, Салах мораше да го напушти финалето од ЛШ по само 30-тина минути поминати на теренот на стадионот во Киев. Без Салах, Ливерпул лесно со 1:3 загуби од Реал, кој стигна до рекордната 13 титула во елитното натпреварување на УЕФА. 

Поради повредата, Салах е неизвесен и за настап на Светското првенство во Русија. 

Најново во Меѓународен Фудбал