ЏЕНАРО ГАТУЗО ДОБИВА КОНКУРЕНЦИЈА

На теренот тепаше се живо, сега станува тренер

Некогашниот англиски репрезентативец Џој Бартон ќе биде тренер во третолигашот Флитвуд Таун

објавено: 18 април 2018 - 18:32

Некогашниот англиски репрезентативец Џој Бартон започнува нова кариера. Ќе биде тренер. Бартон е назначен за нов стратег на англискиот третолигаш Флитвуд Таун. Официјалната промоција ќе ја има по завршување на сезоната, а договорот му е на 13 месеци.

Бартон е познат како еден од најнервозните фудбалери не само во Англија, туку во цел свет. Честопати знаел да се степа на теренот. Секогаш темпераментен, како што тоа некогаш беше сегашниот стратег на Милан, Џенаро Гатузо. 

Во играчката кариера тој има играно за Манчестер Сити, Њукасл, Квинс Парк Ренџерс, Глазгов Ренџерс и Олимпик Марсеј. Ова ќе биде прва тренерска работа за Бартон. Флитвуд Таун моментно е 14 место на табелата речиси без шанси да се пласира во повисок ранг, но и сигурен од испаѓање. 

Најново во Меѓународен Фудбал