Ќе продолжи постот

На „Тумба“ нема титула 33 години, навивачите дивеат ПАОК ќе почека уште некоја година

ПАОК ја чека шампионската титула од 1985 година, а се чинеше дека оваа сезона, конечно, ќе биде освоена, но навивачите направија глупост поради што клубот беше казнет со одземање на три бода

објавено: 5 март 2018 - 21:10

ПАОК ја чека шампионската титула долги 33 години, од 1985 година, а се чинеше дека оваа сезона, конечно, ќе биде освоена, но навивачите направија глупост поради што клубот беше казнет со одземање на три бода. Пред две недели ПАОК му беше домаќин на Олимпијакос во дербито на грчката лига, можеби и одлучувачки меч за шампионскиот пехар, но пред почетокот на мечот навивачите сакаа да направат декор фрлајќи хартиени ленти. Една од нив го погоди в лице тренерот на Олимпијакос, Оскар Гарсија, кој беше однесен во болница, а судиите одлучија мечот да не започне.

Сега со одлука на грчката фудбалска федерација е регистриран со победа на Олимпијакос, а ПАОК ќе плати и парична казна од 30.000 евра. И плус два натпревари ќе игра без публика. Она што е најтрагично овој кикс го чинеше клубот пад од првото на третото место на табелата. АЕК го презема водството со 54 бода, Олимпијакос сега е втор со 50, а ПАОК е трет со 49.

Најново во Меѓународен Фудбал