КЛУБОВИТЕ ОД МАЛИТЕ ЗЕМЈИ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ

На УЕФА и се заканува распад!

Членовите на организацијата (ЕПФЛ), каде се помалите клубови во Европа денеска имаат состанок во Цирих

објавено: 21 октомври 2016 - 13:39

Заканувачки сигнали за УЕФА пристигнуваат од Цирих, каде состанок имаат клубовите, кои се фудбалски помалку влијателни. Членовите на организацијата (ЕПФЛ) се собрани на состанок на кој разговараат за актуелната ситуација во европскиот фудбал. 

Тие се едногласни во незадоволството дека УЕФА претерано ги фаворизира клубовите од „Топ 4“ лигите во Европа. УЕФА планира од сезоната 2018/19 да дозволи првенствата на Англија, Шпанија, Германија и Италија, да имаат директни четири учесници во групната фаза од елитното европско натпреварување. 

Клубовите од помалите земји во Европа се заканија дури и со заминување од УЕФА и формирање на посебна федерација и сопствено натпреварување, каде нема да има фаворизирање и привилигирани клубови, како што тоа сега го прави УЕФА. 

Најново во Меѓународен Фудбал