ЕУФОРИЈА ВО НЕАПОЛ

ЌЕ БИДЕ ЛУДНИЦА: Над 10.000 навивачи на Наполи ќе патуваат во Фиренца

Нема да им биде проблем да пропатуваат околу 500 километри во еден правец

објавено: 26 април 2018 - 15:30

Навивачите на Наполи уште ги држи еуфоријата по победата над Јувентус, со која потполно се вратија во трка за титулата во Серија А. Наполитанците во следното коло гостуваат кај Фиорентина, но навивачите ќе се обидат да направат да изгледа како да играат на свој терен. 

Најавено е дека на гостувањето во Фиренца ќе има над 10.000 фанови на Наполи, кои ќе очекуваат победа на нивниот миленик, но и нов кикс на Јувентус. Ако тоа се случи, Наполи ќе го превземе врвот на табелата во Серија А. 

До крајот на првенството има уште четири меча, а според распоредот, Јувентус има потешки противници, што е уште еден мотив повеќе за сите приврзаници на Наполи да веруваат дека може да стигнат до трофејот кој го немаат освоено речиси три децении. 

Најново во Меѓународен Фудбал