ИТАЛИЈАНСКИОТ ЧУВАР НА МРЕЖАТА БЛЕСКА И ВО ДРЕСОТ НА ПСЖ

НАЈДОБАР И НА 40 ГОДИНИ: Буфон со спектакуларна одбрана спречи „автогол“! (ВИДЕО)

Џанлуиџи Буфон влезе и во петтата деценија од животот, но тоа не го спречува и понатаму да им рефлекси како помлад.

објавено: 14 август 2018 - 17:15

Фудбалерите на ПСЖ ја совладаа во првото коло од француската Лига 1 екипата на Кан (3:0), а дел од шоуто „украде" и голманската легенда.

Да потсетиме, ова лето 40. годишниот чувар на мрежата се пресели од италијанскиот шампион Јувентус меѓу „светците" и уште на првиот меч се истакна со одлична одбрана.

Кан во финишот од првиот дел тргна во напад по десната страна, следуваше центаршут кон спротивната, топката го закачи Тиаго Силва.

Малку недостасуваше да видиме автогол од страна на капитенот, но тоа не го дозволи фантастичниот Џанлуиџи Буфон. Погледнете и уживајте:

Најново во Меѓународен Фудбал