ГЕРМАНСКИОТ ГОЛГЕТЕР РЕШИ ДЕКА Е ДОСТА

Најдобриот стрелец во историјата на СП се пензионираше

Со наполнети 38 години, голгетерот број 1 на Мундијалите ги закачи „копачките на клин“

објавено: 1 ноември 2016 - 15:50

Најдобриот голгетер во историјата на светските првенства, Мирослав Клосе стави крај на играчката кариера. Напаѓачот има 38 години и смета дека е доволно од професионалното играње. На Клосе летово му истече договорот со Лацио и неуспеа да најде нов ангажман. Затоа сега реши да е време да се повлече. 

Клосе ќе биде запамтен како најдобар стрелец во историјата на Мундијалите. На планетарните собири постигна вкупно 16 погодоци и зад себе го остави бразилската легенда Роналдо. Во националниот дрес на Германија вкупно одигра 137 средби и застана на бројката од 71 погодок.

Клосе веднаш најде работа. Го повикаа да биде помошник тренер во националниот состав на селекторот Јоаким Лев. 

„Со националниот тим ги постигнав најголемите успеси. Тоа време е прекрасно и ќе остане незаборавно. Во последниве неколку месеци размислував за тоа да најдам нов предизвик. Сакам да станам тренер“, рече Клосе.

Голгетерот за последен пат ќе заигра токму во репрезентативниот дрес. Повикан е да биде дел од квалификацискиот дуел против Сан Марино на 11 ноември, а потоа и во пријателската средба против Италија, во Милано.  

Најново во Меѓународен Фудбал