СПОРНИТЕ СИТУАЦИИ ОСТАНУВААТ НЕРЕШЛИВА ЕНИГМА

Најголема грешка на видеотехнологијата: Наместо пенал за Лацио, Имобиле доби црвен картон

„Небесносините“ загубија со 1:3 на свој терен од Торино, а клучните моменти беа при резултат 0:0

објавено: 12 декември 2017 - 09:50

Лацио на свој терен загуби со 1:3 од Торино, во меч од 16 коло од Серија А. Домаќините беа фаворити, но на крајот загубија, во меч кој имаше два спорни моменти и двата беа досудени во корист на гостите.

При резултат 0:0,  домаќините беа оштетени откако судијата не досуди пенал за Лацио, иако еден од гостинските играчи со рака играше во шеснаесетникот. Дури и судијата имаше чист видик на ситуацијата, но не реагираше. 

Во последните секунди на првиот дел, арбитарот сепак се реши да ја искористи видео снимката која е дозволена во Серија А, но тоа беше за ја процени ситуацијата на двобојот меѓу Чиро Имобиле и Џакомели. Имобиле доби директен црвен картон поради намерата да го удри противникот во лицето. 

Во второто полувреме, Торино ја искористи предноста од играч повеќе и даде три гола за победа на „Олимпико“.

Најново во Меѓународен Фудбал