АКО „КРАЛСКИОТ КЛУБ“ ПРИФАТИ ДА ГО СМЕНИ СПОНЗОРОТ

„Најк“ ќе ја има главната улога во доведувањето на Нејмар во Реал

Шпанскиот гигант има договор со „Адидас“ до 2020 година, но можно е да се случи пресврт 

објавено: 13 март 2018 - 17:15

Фирмата за спортска опрема „Најк“ е подготвена да го финансира трансферот на Нејмар во Реал Мадрид, но само доколку „кралскиот клуб“ прифати да го смени спонзорот. Најтрофејниот шпански клуб има договор со „Адидас“, со кој има договор до 2020 година. Реал годишно добива 40 милиони евра од овој договор. 

Американската компанија „Најк“ како главни ѕвезди ги има кристијано Роналдо и Нејмар, но сака да влезе и во Реал Мадрид. Мадриѓаните носат дресови на „Адидас“, фирма која како главен лик го има Лионел Меси. 

Нејмар е играч на Пари Сен Жермен, тим кој постави сума од 400 милиони евра за евентуален раскин на договорот. Ако се случи Реал да го прифати „Најк“ за спонзор, тогаш речиси и сигурно ќе биде доаѓањето на Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“. 

Во последно време има неколку примери кога клубовите ги раскинуваат договорите со „Адидас“ за да најдат подобар спонзор. Пред две години, Челзи го раскина договорот вреден 45 милиони евра со „Адидас“, за да потпише со „Најк“ за сума од 66 милиони евра по сезона. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал