ТРАГЕДИЈА ВО СЕНЕГАЛ

Најмалку осум мртви во стaмпедо на стадион (Фото)

На стадионот „Демба Диоп“ се сруши ѕид, а полицијата се обиде со солзавец да ја смири ситуацијата

објавено: 16 јули 2017 - 22:10

Трагедија во која најмалку осум навивачи го загубија животот се случи во главниот град на Сенегал, Дакар. Несреќата се случи веднаш по завршување на средбата, кога навивачите на Оуакама и Стад де Мбура се степаа. 

Полицијата се обиде со солзавец да ја смири ситуацијата, но тогаш се случи стампедо. Во налетот на стотина навивачи попушти бетонскиот ѕид на трибината. 

„Ѕидот едноставно се сруши. Веднаш знаев дека некои од нашите пријатели се загинати, бидејќи ѕидот падна директно врз нив“, рече Чеки Маба Диоп, сведок на настанот, кој се обидуваше да им помогне на повредените. 

Инцидентот го предизвикале домашните навивачи, кои започнале со камења да фрлаат по фановите на Стад де Мбура. Тогаш се случило првото стампедо, а кога полицијата употребила солзавец настанала и трагедијата. 

Покрај осумте загинати, има и повеќе од 60 повредени навивачи. 

Најново во Меѓународен Фудбал