БРАЗИЛЦИТЕ ГО ПРИМИЈА ТРОФЕЈОТ

Доделен „најтажниот“ трофеј на светот (Видео)

Шапекоенсе го доби трофејот во Судамерикана купот, а Атлетико Насионал го прими признанието за фер-плеј 

објавено: 22 декември 2016 - 16:10

Бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе и официјално го доби трофејот на Судамерикана Купот. Тимот беше прогласен за победник на турнирот, иако воопшто не се играше финалето против Атлетико Насионал.

Авионот со кои патуваа бразилските фудбалери кон Колумбија, се сруши неколку минути пред да слета. Загинаа 71 луѓе од кои 19 беа фудбалери на бразилскиот тим.

Колумбискиот тим реши воопшто да не го игра финалето и дозволи трофејот да заврши во витрините на Шапекоенсе. За овој потег Атлетико Насионал ја доби наградата за фер-плеј потег. 

Најново во Меѓународен Фудбал