Гигантите ќе играат во финалето

Најтрофејните Египет и Камерун во битка за пехарот на Африканскиот куп

Репрезентациите на Египет и на Камерун ќе играат за трофејот на Африканскиот куп на нации, во недела од 20 часот во Габон, па завршниот меч е резервиран за двете најтрофејни селекции, кои заедно имаат 11 круни

објавено: 3 февруари 2017 - 09:55

Репрезентациите на Египет и на Камерун ќе играат за трофејот на Африканскиот куп на нации, во недела од 20 часот во Габон, па завршниот меч е резервиран за двете најтрофејни селекции, кои заедно имаат 11 круни 

Камерун вчеравечер со 2:0 ја победи Гана во полуфиналниот меч и си го обезбеди седмото финале на 31. издание на купот на Африка. Нгаде-Нгаџи и Басонг беа стрелци на головите за „нескротливите лавови“, кои ќе се обидат да ја освојат петтата круна.

Еден ден претходно и најтрофејната нација на купот, Египет, обезбеди финале по триумфот против Буркина Фасо. „Фараоните“ славеа по долга битка, дури по пенал-серијата со 5:4. Во регуларниот дел беше 1:1, погодок немаше во дополнителното време, па по ударите од белата точка, Египет беше поуспешен. Тие ќе играат за рекордната осма титула, во вкупно деветтото финале. 

Двете репрезентации досега двапати играат меч за титула на купот и двапати поуспешен беше Египет. Токму тие две финалиња се единствените што Камерун ги има загубено на континенталното натпреварување.

Најново во Меѓународен Фудбал