УШТЕ Е НЕЈАСНА СИТУАЦИЈАТА ПО СИНОЌЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО СОЛУН

Наместо титула, ПАОК може да биде исфрлен од лигата

Челниците на АЕК упатија барање до Министерството за спорт на Грција, Фудбалската федерација на Грција и до УЕФА, солунскиот ПАОК да биде исфрлен од елитниот ранг, а исто така да им одреди строги санкции за, како што ги нарекува, „силувачите на грчкиот фудбал"

објавено: 12 март 2018 - 15:21

Не стивнуваат реакциите по синоќешниот скандал на дуелот меѓу ПАОК и АЕК. Во мечот за титула во првенството, ПАОК даде гол во 90 минута, но судијата го поништи поради офсајд. Оваа реакција на арбитарот го налути газдата на ПАОК, кој со пиштол на ременот влета на теренот, сакајќи да се пресмета со делителот на правдата. 

За среќа немаше поголем инцидент, но мечот беше прекинат, а денеска Владата на Грција реши да го суспендира првенството, се додека не се реши ситуацијата.

Од таборот АЕК упатија барање до Министерството за спорт на Грција, Фудбалската федерација на Грција и до УЕФА, солунскиот ПАОК да биде исфрлен од елитниот ранг, а исто така да им одреди строги санкции за, како што ги нарекува, „силувачите на грчкиот фудбал".

Грчкиот шампионат е под мониторинг на УЕФА и на ФИФА пред се поради низата на нерегуларности и девијантни појави во минатото. Пред се поради навивачките нереди на натпреварите и честите инциденти на мечевите на ривалите Олимпијакос, АЕК, Панатинаикос и ПАОК.ворицата луѓе за кои се смета дека се негово лично обезбедување. Како потсетување Иван Савидис се фати за пиштолот заканувајќи му се на судијата поради поништениот погодок во дербито.

Најново во Меѓународен Фудбал