ФАНОВИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ПОРТУГАЛЕЦОТ Е ВИНОВНИКОТ

Навивачите на Манчестер бараат отказ за Мурињо!

Англискиот гигант беше голем фаворит во двомечот против Севилја, но на теренот ситуацијата беше спротивна

објавено: 13 март 2018 - 23:37

По поразот од Севилја и елиминацијата од Лигата на шампионите, разочараните навивачи на Манчестер Јунајтед бараат отказ за Жозе Мурињо. Многумина се чудеа пред мечот, кога Фелаини беше ставен како стартер, а Мата изоставен на клупата за резерви. 

Токму тоа може да се каже дека беше и една од причините за доминацијата на Севилја во средниот ред и контролата на играта, бидејќи Фелаини не можеше да парира на гостинските играчи кои технички беа многу подобри. 

Експериментите на Мурињо не ги збуни гостите, туку се покажа инфериорноста на „црвените ѓаволи“. Севилја победи со 2:1 и се радуваше на место во четвртфиналето, а навивачите на Манчестер го посочија Мурињо како главен виновник за овој неуспех на најтрофејниот тим во Англија. 

Стотици реакции на социјалните мрежи од навивачите на Манчестер за тоа дека Мурињо треба да си замине.

„Мурињо треба да биде избркан вечерва. Не утре, не на крајот од сезоната, туку вечерва“, вели еден од многуте коментари на навивач на Манчестер, на социјалните мрежи.

Најново во Меѓународен Фудбал