Инцидент на Кипар

Навивачите на Омонија дивееја, прекинат куп-мечот со Аполон (Фото)

Реванш мечот во куп натпреварувањето во Кипар, меѓу Аполон и Омонија е прекинат поради дивеење на гостионските навивачи од Никозија

објавено: 22 февруари 2017 - 18:10

Реванш мечот во куп натпреварувањето во Кипар, меѓу Аполон и Омонија е прекинат поради дивеење на гостионските навивачи од Никозија. При резултат од 3:1 за Аполон, симпатизерите на Омонија почнаа да фрлаат запаливи средства на теренот, па судијата го прекина мечот.

„Ова е нов срам за кипарскиот фудбал. По аферите за местење, сега се случува и прекин по дивеење на навивачите: Тешко ни оди со искоренување на неспортските работи во фудбалот“, пишуваат кипарските медиуми.

Аполон беше на чекор до пласман во следната рунда, по ремито, 2:2 на гостински терен и предноста од 3:1 на денешнито меч, но хулиганите не дозволија реваншот да заврши. Судијата го прекина вториот дуел во 82. минута.

Најново во Меѓународен Фудбал