БРУТАЛЕН ОДГОВОР

Навивачките групи обединети околу прашањето за регионалната лига

Симпатизерите на најголемите клубови од поранешна Југославија се против формираше на лига во која ќе има екипи од повеќе земји

објавено: 14 декември 2016 - 15:32

Европската фудбалска федерација (УЕФА) даде дозвола за формирање на регионалната лига меѓу клубови кои порано биле дел од првенството на некогашна Југославија. Сепак за реализација на овој проект, кој треба да започне во 2018 година треба да се финализираат уште некои многу важни работи. 

Навивачите на главните клубови од екс СФР Југославија се едногласни околу идејата за формирање на регионална лига. Сите навивачки групи се против ваква лига. Сите имаат ист став, дека не сакаат да играат против некои со кои до пред извесно време војувале. Во неколкугодишната војна на некогашна Југославија загинаа илјадници луѓе од сите поранешни републики. 

„Никаква Југо лига не доаѓа во предвид. Нас не интересира само Хрватска“, е ставот на наjверните навивачи на Динамо, популарните „Бед Блу Бојс“.

Исто е размислувањето и на нивните најголеми во Хрватска, фановите на Хајдук од Сплит. „Да ви е*ам регионалната лига. Војувавме со таа земја, за сега да треба повторно да играме фудбал со нив. Не доаѓа во предвид. Воопшто не не интересира патување во Ниш или во Чачак“, беше ставот на „Торцида“ уште во 2010 година.

Ист е ставот на „Торцида" и сега.

„Апсолутно сме против било какво натпреварување во кое ќе учествуваат клубови од поранешна Југославија. Велат дека на тој начин ќе се подобри квалитетот, но тоа нас не не интересира. Поради сите работи кои се случија во минатото, едноставно нема да има регионална лига“, рече претседателот на навивачите на „Торцида“, Дамир Грујиќ.

Исто е расположението и кај навивачите на Риека, популарната „Армада“. Според нив, тоа ќе биде враќање 20 години назад. „Не сакаме повторно да се вратат истите сцени како пред 20 години. Впрочем и поради тоа се случи и војната“ е ставот на „Армада“ од пред неколку години. 

Навивачите на Црвена Звезда, популарните „Делии“ имаај јасен став. Никако не смее да се создаде регионална лига. Низ неколку града во Србија се појавија графити кои потврдуваат дека „Делиите“ се против ова првенство. 

ПОРАКА ОД САРАЕВО: НИКОГАШ ПОВЕЌЕ

Тимот на Железничар од Сараево нема да учествува во лигата, ако се прашуваат нивните навивачи, „Манијаците“. Тие истакнаа транспарент на кој пишуваше „На Грбавица се пишува историјата, регионална лига никогаш повеќе“. И фановите на љубљанска Олимпија не сакаат да се спојуваат во лига со клубови од некогашна Југославија. 

Најново во Меѓународен Фудбал