СЕНЗАЦИОНАЛНИ, ИСТОРИСКИ „ДВА ОД ДВА“ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ

Не е шега, Гибралтар го „урна“ и Лихтенштајн! (ВИДЕО)

Се одигра и вториот натпревар од четвртото коло во групата 4 од Лигата „Д", Гибралтар се погрижи за уште еден историски резултат, втора победа по ред во официјални мечеви овојпат дома над Лихтенштајн (2:1).

објавено: 16 октомври 2018 - 22:45

После првото полувреме водеше тимот на Лихтенштајн со погодокот на Салановиќ во 15. минута од средбата после асистенцијата на М. Бухел.

Пресвртот се случи во вториот дел и тоа за период од пет минути, во 61-та за израмнување се погрижи Кабрера, а триумфот го донесе Чиполина (66.).

После четири кола во групата 4 води Македонија со девет бодови, пред Ерменија и Гибралтар по шест, последен е Лихтенштајн (три).

Во следното претпоследно коло кое што е закажано за 16. ноември, Македонија гостува во Лихтенштајн, а Гибралтар е домаќин на Ерменија.

УЕФА Лига на нации 2018/2019

Лига „А"

(Група 1) Франција-Германија 2:1

Табела: Франција 4 бодови, Холандија 3, Германија 1

Лига „Б"

(Група 4) Ирска-Велс 0:1
(Група 1) Украина-Чешка 1:0

Табела: Велс 6 бодови, Данска 4, Ирска 1
Табела: Украина 9 бодови, Чешка 3, Словачка 0

Лига „Ц"

(Група 3)
Норвешка-Бугарија 1:0
Словенија-Кипар 1:1

Табела: Норвешка 9 бодови, Бугарија 9, Кипар 4, Словенија 1

Лига „Д"

(Група 1)
Казахстан-Андора 4:0
Летонија-Грузија 0:3

Табела: Грузија 12 бодови, Казахстан 5, Летонија 2, Андора 2

(Група 4)
Ерменија-Македонија 4:0
Гибралтар-Лихтенштајн 2:1

Табела: Македонија 9 бодови, Ерменија 6, Гибралтар 6, Лихтенштајн 3

-ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПОБЕДНИЧКИОТ ГОЛ НА ГИБРАЛТАР-

-ИСТО ТАКА УЖИВАЈТЕ И ВО НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД МЕЧОТ ФРАНЦИЈА-ГЕРМАНИЈА-

Најново во Меѓународен Фудбал