РОБЕРТО ФИРМИНО НЕОЧЕКУВАНО БЕШЕ ВРАТЕН И ТОА ОД ЖЕНА

Не го пуштија на стадион, па се врати и ги посрамоти (Видео)

Бразилецот во дресот на Ливерпул ја имаше заборавено акредитацијата за влез на „Људски врт“, па мораше да се врати во автобусот и да ја најде пропусницата, за да биде пуштен

објавено: 18 октомври 2017 - 11:48

Ливерпул стигна до најубедливата победа во историјата на групната фаза во Лигата на шампионите на гостински терен, откако со 7:0 го победи Марибор во Словенија. Најдобар играч на гостите беше Роберто Фирмино кој даде два гола, а имаше и една асистенција. 

Пред мечот, малку фалеше Бразилецот воопшто да не влезе на стадион. При доаѓањето на „Људски врт“, Фирмино ја заборави акредитацијата во автобусот, а жената која беше задолжена за обезбедување пред стадионот, реши да не го пушти без пропусницата. 

Фирмино беше приморан да се врати во автобусот, да ја најде акредитацијата, а дури потоа да влезе на стадионот. За оваа непријатна ситуација, Бразилецот „се одмазди“ на теренот, постигнувајќи два гола, а имаше и една асистенција, во рекордната победа од 7:0 против Марибор. 

Најново во Меѓународен Фудбал