ПОВИК КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ

Не му се јави на селекторот за да го повика на СП 2018

Кајл Вокер не сепак имаше среќа и ќе патува на Мундијалот во Русија

објавено: 17 мај 2018 - 11:00

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт вчера го објави списокот на играчи кои ќе ги повика за настап на Светското првенство во Русија. На тој список се најде и бекот на Манчестер Сити, Кајл Вокер.

Сепак, кога селекторот реши да му се јави на Вокер и да му соопшти дека е дел од мундијалскиот состав, играчот не му се јавил. Подоцна Вокер испрати фотографија на социјалните мрежи на која покажа дека не му се јавил на селекторот, а под тоа стои порака „Јавување кој не сакате да го пропуштите“. 

Оваа интересна ситуација за Вокер на крајот заврши со среќен крај, бидејќи подоцна се слушнал со селекторот и потврдил дека ќе биде дел од составот на „Гордиот Албион“ на планетарниот собир во Русија. 

Најново во Меѓународен Фудбал