Роналдо со моќна фотографија

Не ни сонував дека ќе стигнам до тука

Португалецот се пофали со највредните 15 индивидуални трофеи

објавено: 2 јануари 2018 - 22:45

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо направи една фотографија за историјата, со која се пофали на својот „Фејсбук“ профил. 

„Кога играв фудбал по улиците на Мадеира, сонував да стигнам до врвот. Тогаш не ни можев да претпоставам дека еден ден ќе направам ваква фотографија. Оваа фотографија на посветувам на моето семејство, на пријателите, соиграчите, тренерите од кои сум учел и на крајот благодарам на сите мои фанови“, напиша Роналдо покрај фотографијата. 

Португалецот реши да ги пореди сите најзначајни индивидуални трофеи кои ги има добиено. Тука се петте „Златни топки“, четирите „Златни копачки“, трите трофеи за најдобар фудбалер во изборот на УЕФА и трите признанија за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА.

Најново во Меѓународен Фудбал