КАКО ДА Е ФОТОКОПИРАН

Не се разликуваат: Меси има двојник во Иран

На двојникот воопшто не му е проблем и постојано се фотографира и дава автограми како да е аргентинската супер ѕвезда

објавено: 30 април 2017 - 16:22

Лионел Меси е еден од најомилените фудбалери во светот. Многумина сакаат да се фотографираат со него или да добијат автограм. Ако многумина сонуваат да го видат Меси, во Иран постои човек кој неверојатно наликува на Аргентинецот. 

Риза Парстиша е човекот кој е двојник на Меси. Кога ќе излезе на улица и ќе го облеже дресот на Аргентина, делува како во Иран да пристогнал Лео Меси. Едноставно речиси неверојатна е сличноста на овој човек со еден од најдобрите фудбалери во светот. 

Дали би можеле да ги разликувате?

Најново во Меѓународен Фудбал