Има како нас во регионот

Не сме само ние - Прволигашки меч во Хрватска го гледаа само 80 луѓе

И Хрватите имаат проблеми со присуство на многу мал број на публика на дел од мечевите во Првата лига, а рекордер е Локомотива Загреб

објавено: 18 март 2018 - 18:00

И Хрватите имаат проблеми со присуство на многу мал број на публика на дел од мечевите во Првата лига, а рекордер е Локомотива Загреб.

Вчера прволигашот од Загреб го следеа само 80 луѓе со купени влезници на мечот со Интер Запрешиќ. Домаќините загубија со 2:3 и покрај мизерната посета не го урнаа сопствениот и рекордот во ХНЛ.

Во 2016 година на дуелот со Сплит, популарните Локоси продадоа само 10 влезници, но службено пријавија 138 луѓе на трибините. Тоа е неофицијален рекорд, а зебележан како најлоша посета на прволигашки меч во Хрватска е тој меѓу Локомотива и Задар, игран на „Максимир“ во 2012 година. Тогаш само 67 луѓе купиле влезници, иако за Локомотива играа сега веќе познатите ѕвезди Крамариќ, Борзовиќ, Пјаца....

 

Најново во Меѓународен Фудбал