САМО ЗА ДА ГО ОБЛЕЧЕ ДРЕСОТ НА РЕАЛ МАДРИД

Нејмар би се одрекол од дел од платата

Пред помалку од половина година ја напушти Барселона, а веќе се спомнува негов трансфер во најлутиот ривал 

објавено: 25 јануари 2018 - 18:40

Францускиот Пари Сен Жермен пред почетокот на сезоната го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, откако за неверојатни 222 милиони евра го доведе Нејмар. Бразилецот си замина од Барселона за да игра во ПСЖ, но уште сега се споменува негов трансфер во најлутиот ривал на каталонците, Реал Мадрид. 

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо не е во добри односи со претседателот на клубот, Флорентино Перез, откако беше одбиено барањето на Португалецот за двојно зголемување на платата. Тој сега заработува 22 милиони евра по сезона, а барање му беше да добие 44 милиони евра. 

Затоа се поизвесно е дека Роналдо може да биде трампан во ПСЖ, а со доплата на Реал од 100 милиони евра, да го купи Нејмар. Бразилецот во Париз заработува 38 милиони евра по сезона, но се согласил на „Сантијаго Бернабеу“ да дојде за помала плата. 

Сите овие варијанти и комбинации засега се во сферата на шпекулациите.

Најново во Меѓународен Фудбал