БРАЗИЛЕЦОТ ДОПРВА ЌЕ БИДЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

Нејмар е највлијателниот фудбалер во светот

Играчот на Барселона се најде на листата пред неговиот соиграч Лионел Меси и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид

објавено: 21 април 2017 - 10:30

Капитенот на бразилската репрезентација, Нејмар е избран за највлијателен фудбалер во светот, според рангирањето на списанието „Тајмс“. Ѕвездата на Барселона е единствениот фудбалер кој се најде на списокот на 100 највлијателни луѓе во светот. Малку чудно, но во 100 највлијателни луѓе ги нема ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо.

Од спортистите, во највлијателните 100 луѓе во светот имаше место и за НБА ѕвездата Леброн Џејмс, петкратниот НФЛ шампион Том Бредли, ММА борецот Конор МекГрегор и Симон Бејлс кој се натпреварува во спортска гимнастика. 

Најново во Меѓународен Фудбал