ДАЛИ БРАЗИЛЕЦОТ ПРЕТЕРУВА?

Нејмар ќе бара повеќе од милион евра неделна плата за да остане во ПСЖ

Откако започнаа шпекулациите дека Реал Мадрид и Барселона сакаат да го купат, голгетерот си ја крева цената

објавено: 19 март 2018 - 09:30

Најголемата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар е повреден и е на рехабилитација во Бразил, но повторно е во центарот на вниманието. По најавите дека Реал Мадрид и Барселона сакаат да го доведат во своите редови, англискиот весник „Тајмс“ излезе со информација дека Нејмар сака да добие зболемување на платата, само за да остане во ПСЖ.

Се шпекулира дека Бразилецот ќе побара 59 милиони евра по сезона. Тоа значи дека Нејмар би добивал повеќе од еден милион евра неделно или поточно 1.130.000 евра за седум дена. 

Доколку ПСЖ прифати да му ја зголеми платата, Нејмар ќе стане убедливо најскапиот играч во историјата на фудбалот. Тој примат сега го има Лионел Меси, кој во Барселона годишно добива околу 43 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. 

Нејмар уште не ја одработил првата сезона во ПСЖ, а веќе се зборува за негово заминување, односно повторно враќање во Шпанија. Останува да се види во следниот летен преоден рок дали можеби ќе има нова преселба на капитенот на бразилската репрезентација или ќе си остане на „Паркот на принцовите“ во Париз. 

Најново во Меѓународен Фудбал