ПСЖ ЌЕ БИДЕ КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА ВО ОВАА ТАКТИКА

Нејмар може да стане најомразениот фудбалер!

Според најавите, Бразилецот на крајот од сезоната ќе направи трансфер во Реал

објавено: 17 ноември 2017 - 19:00

Нејмар дефинитивно е фудбалерот кој оваа година е во центарот на вниманието. Од  сјајните игри на теренот, преку реализација на најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, па се до деталите кои ја шокираа фудбалската јавност.

Нејмар е на пат да го превземе приматот на Лионел Меси и Кристијано Роналдо и да биде најдобар фудбалер во светот. Тој летоска направи рекорден трансфер, откако за 222 милиони евра направи трансфер од Барселона во ПСЖ. Парискиот тим не штедеше пари и го доведе играчот, кој сега блеска во дресот на „светците“. 

Сепак, со доаѓањето во ПСЖ, започнаа и скандалите. Најпрво се скара со Единсон Кавани, потоа и со тренерот Унаи Емери, а има шпекулациите дека сам си одбира на кои мечеви ќе игра, а на кои ќе одмора. 

Според најавите, можно е Нејмар на крајот од сезоната да направи неверојатен трансфер и да го облече дресот на Реал Мадрид. Во договорот со ПСЖ има клаузула во која стои дека Нејмар може да си замине доколку некој тим плати 222 милиони евра. 

Се најавува дека Реал Мадрид ќе ги плати тие 222 милиони евра и Нејмар од следната сезона ќе стане играч на тимот од „Сантијаго Бернабеу“. Доколку се случи ПСЖ да биде само попатна станица, колку да може Нејмар да стане играч на Реал Мадрид, парижани ќе бидат само колатерална штета, а Бразилецот сигурно ќе стане еден од најомразените играчи во историјата на Барселона. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал