ЅВЕЗДАТА НА „КАРИОКИТЕ“ НЕ МОЖЕШЕ ДА ГИ СКРИЕ СОЛЗИТЕ

Нејмар објасни зошто плачел по мечот со Костарика

Лидерот на Бразил погоди во последните моменти од дуелот за потврда на победата од 2:0

објавено: 23 јуни 2018 - 17:00

Бразил по големи маки ја победи Костарика со 2:0 и тоа благодарение на двата гола постигнати во судиското надополнување. Кутињо донесе радост во 91 минута, а во 97 минута мрежата на противникот ја затресе и Нејмар. 

Веднаш по завршување на средбата, првата ѕвезда на „кариоките“ на сред терен започна да плаче. Многумина се чудеа зошто Нејмар толку многу плаче по завршување на дуелот. Некои дури го прогласија и за психички нестабилна личност, но Нејмар даде објаснување за ситуацијата. 

„Никој не знае низ што се поминав. Сите може да зборат за тоа, но не може да знаат. Ова беа солзи радосници, бидејќи ја прескокнавме оваа препрека. Имавме голема желба за победа. Во мојот живот, работите никогаш не биле едноставни, па така е и сега“, објасни Нејмар. 

Најново во Меѓународен Фудбал