ПОВРЕДАТА Е МИНАТО

Нејмар се врати и ја дупна мрежата на Хрватите (видео)

Бразилскиот напаѓач денеска го одигра првиот меч по повредата и веднаш се запиша во листата на стрелците

објавено: 3 јуни 2018 - 18:04

Голем фудбалер не дозволува да го попречат повредите. Нејмар кој отсуствуваше од фудбалските терени три месеци влезе во игра на мечот меѓу Бразил и Хрватска и по 23 минути постигна извонреден гол. Да потсетиме Нејмар имаше скршеница на метатарзалната коска на стапалото додека играше за Пари Сен Жермен и од тогаш беше во терените. Тите најави дека на пријателскиот меч меѓу Бразил и Хрватска на „Енфилд" ќе го стави во второто полувреме и тоа го направи.
Нејмар доби топка по левата страна издрибла неколку хрватски фудбалери и ја закова топката во мрежата на Субашиќ.Бразил победи со 2:0, а вториот гол го даде Фирмино во 94 минута.

Најново во Меѓународен Фудбал