СЕНЗАЦИОНАЛНА ВЕСТ ОД КАТАЛОНИЈА

Нејмар сега се кае: Сака повторно назад во Барселона

Бразилецот кој пред почетокот на сезонава за рекордна сума од 222 милиони евра си замина од „Камп Ноу“, можно е повторно да се врати во стариот тим

објавено: 9 март 2018 - 08:30

Сензационална вест пренесува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“. Бразилската суперѕвезда Нејмар, кој пред почетокот на сезоната си замина од „Камп Ноу“ и тоа за рекордна сума од 222 милиони евра, сега повторно сака да игра за Барселона. 

Веста која ексклузивно ја носи весникот вели дека Нејмар се покајал за тоа што си заминал од Барселона и сега повторно сака да биде дел од каталонскиот гигант. Бразилецот вели дека избрзал и дека не требало да го напушти клубот со кој освои толку многу трофеи. 

Нејмар моментно се наоѓа во родниот Бразил, каде е на рехабилитација. Тој се повреди во дресот на ПСЖ и треба да паузира неколку месеци. Се надева дека ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Бразил ова лето. 

Најново во Меѓународен Фудбал