БРАЗИЛЕЦОТ ЈА ПОДГРЕА АТМОСФЕРАТА

Нејмар со порака до Реал што ќе ги израдува навивачите на овој клуб

Се поверојатно е дека може да се случи но светски рекорд за еден трансфер

објавено: 11 јуни 2018 - 09:30

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар, најверојатно е согласен да направи трансфер во Реал Мадрид. Според пишувањата на шпанскиот весник „Ас“, Бразилецот најавил дека сака да игра за „кралскиот клуб“. 

Нејмар дојде во ПСЖ минатото лето, кога челниците на францускиот тим дадоа 222 милиони евра за трансфер од Барселона. Иако има договор со ПСЖ, луѓе на Реал Мадрид веќе го контактираат Нејмар за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. 

За да не влезе во конфликт со ПСЖ, Нејмар ги замолил претставниците на Реал да почекаат уште една сезона, но да го чекаат затоа што сака да игра за „кралскиот клуб“.

Најново во Меѓународен Фудбал