СПИСОКОТ НА „ЦРВЕНАТА ФУРИЈА“ ЗА ДУЕЛИТЕ СО ВЕЛС И АНГЛИЈА

Некоја чудна Шпанија: Го нема Алба, се врати Пако, дебитира Кастро!

Луис Енрике ги врати Коке и Бартра во репрезентацијата, се повреди Диего Коста. Селекторот не може да смета на најсилниот состав во октомврите натпревари, па така во однос на претходниот список направи четири измени, има еден дебитант и тројца повратници.

објавено: 4 октомври 2018 - 18:20

Еве со кој состав ќе настапат Шпанците за пријателскиот меч на 11. октомври во Кардиф против Велс и новиот дуел од УЕФА Лигата на нации во Севиља против Англија четири дена подоцна.

Голмани: Кепа Аризабалага (Челзи), Давид де Геа (Манчестер Јунајтед), Пау Лопез (Бетис).

Одбрана: Хозе Луис Гаја (Валенсија), Маркос Алонсо (Челзи), Раул Албиол (Наполи), Начо Фернандез (Реал), Серхио Рамос (Реал), Марк Бартра (Бетис), Цезар Азпиликуета (Челзи), Хонатан Кастро (Вулверхемптон).

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Родри (Атлетико Мадрид), Коке (Атлетико Мадрид), Дани Себалос (Реал), Тиаго Алкантара (Баерн), Саул Њигез (Атлетико Мадрид).

Напад: Марко Асенсио (Реал), Алваро Мората (Челзи), Родриго (Валенсија), Сусо (Милан), Јаго Аспас (Селта), Пако Алкасер (Борусија Дортмунд).

Најново во Меѓународен Фудбал