ЏАНИ ИНФАНТИНО НАЈАВИ ДРАСТИЧНИ РЕФОРМИ

Нема да има нерешени мечеви на СП2026

Претседателот на ФИФА вели дека во јануари 2017 година ќе го промовира новиот формат на Мундијалот кој ќе биде за 10 години

објавено: 10 декември 2016 - 08:30

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино речиси дека ќе се случат нови реформи во светскиот фудбал. Швајцарецот најави дека планира да се зголеми бројот на учесници на Мундијалот од 32 на 48 селекции. Ова треба да биде прв пат промовирано на СП 2026 година.

Инфантино вели дека на состанокот следниот месец во Цирих ќе ги најави сите идеи за промени на форматот за планетарните собири. Идејата е да формираат 16 групи со по три репрезентации и на крајот само првопласираните да поминат во нокаут фазата, односно да се пласираат во осминафиналето.

Инфантино најавува дека ќе предложи во групната фаза воопшто да нема нерешени средби. Доколку еден меч заврши нерешено, веднаш ќе се пристапи кон изведување на пенали. На тој начин тимот кој ќе победи во пенал-рулетот ќе има голема предност за конечниот исход на групната фаза. 

Планираниот нов формат на СП нема да доведе до дополнителен напор на играчите, бидејќи селекции ќе бидат распределени во многу повеќе од сегашните осум групи. Засега уште не се знае кој ќе биде домаќин на СП 2026 година. Мундијалот во 2018 ќе биде во Русија, додека во 2022 година домаќин ќе биде Катар. 

ФИФА последните промени на Мундијалите го направи во 1998 година, кога во Франција за прв пат се појавија 32 репрезентации, а не како што беше претходно праксата, кога учествуваа само 24 национални тимови. 

Најново во Меѓународен Фудбал