Познати се платите на фудбалерите

НЕМА ПОВЕЌЕ ДИЛЕМИ: Лавеци е најплатениот фудбалер во светот

Тројца Аргентинци се наоѓаат во топ 5 најплатените фудбалери во светот, а некогашниот член на ПСЖ добива исплата преку сметка отворена во Луксембург

објавено: 13 мај 2017 - 12:59

Какви црни натпреварувачки амбиции, каков црн европски фудбал и борба за титули. Човекот игра фудбал за пари. И тоа за огромни пари, а по информациите кои што ги објави "Football Leaks" можеме во потполност да го разбереме Езекиел Лавеци зошто во февруари минатата година го напушти Пари Сен Жермен и замина во Кина.

Аргентинецот според последните истражувања е најплатен фудбалер на светот.

И тоа не со било која плата. Дебело го надмина и Карлос Тевез за кога се верува дека со зимскиот трансфер од Бока Јуниорс во Шангај Шенхуа даде домашна задача на конкуренцијата. Епа не е така, бидејќи неговиот земјак постави граница на округли 50 МИЛИОНИ ЕВРА годишно!

Не, ова не е шала, "Football Leaks" излезе со конкуретни податоци а последните години стекна репутација на непогрешен сајт, бидејќи откри значителни работи во фудбалот.

Кога ќе се погледнат примањата на Лавеци неделната плата на седмично ниво изнесува 943.555 евра. На ден тој зима 134.794 евра. Секој ден станува побогат за 5.615 евра, а по секоја минута на сметката му легнуваат 93.06 евра. Тие пари му се исплаќаат преку една банка во Луксембург.

Лавеци оваа сезона за Хебеи одигра седум натпревари и постигна три гола.

На второто место се наоѓа Карлос Тевез кој заработува 39.520.000 евра. Додека, на третото место со големо „заостанување" се наоѓа Кристијано Роналдо (25 милиони евра) и Лео Меси кој зима по 22 милиони евра. Меѓу нив е Бразилецот Оскар кој во Шангај ШИПГ зима 24.520.000 евра по сезона.

Најново во Меѓународен Фудбал