„МОДРИТЕ“ НАЗНАЧИЈА НАСЛЕДНИК НА ЈУРЧЕВИЌ

Ненад Бјелица нов тренер на Динамо и Адеми

Во следните неколку часа ќе биде потпишан договорот на две години со хрватскиот првак

објавено: 15 мај 2018 - 20:10

Откако во текот на денешниот ден, тимот на Динамо Загреб му врачи отказ на досегашниот тренер Никола Јурчевиќ, хрватските медиуми јавуваат дека раководството на „модрите" чиј капитен е нашиот репрезентативец Аријан Адеми, постигнал договор со Ненад Бјелица и тој веројатно ќе биде на кормилото на тимот веќе на следниот меч.

До промените на Максимир дојде откако Динамо на последните неколку мечеви забележа многу лоши игри и резултати но и така ја освои титулата во домашното првенство.

Бјелица ќе ја води екипата на следниот меч со Интер, како и во финалето на Купот на Хрватска против Хајдук Сплит. 

Најново во Меѓународен Фудбал