ТРАГЕДИЈА ВО ИРСКА

Ненадејно почина капитенот на Дери Сити

Рајан Мек-Брајд имаше само 27 години 

објавено: 20 март 2017 - 12:50

Капитенот на Дери Сити, Рајан Мек-Брајд ненадејно почина на 27 години. Дефанзивецот бил пронајден мртов во својот дом. Засега не се познати причините за смртта. Ирската федерација изрази сочувство до семејството на фудбалерот. 

„Нашите мисли и молитви се со фамилијата на Рајан Мек-Брајд и сите кои се дел од Дери Сити“, стои во соопштението на федерацијата. 

Дери Сити моментно е на второто место во првенството со само три бода помалку од лидерот Корк Сити.

Најново во Меѓународен Фудбал