ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛОТ ПРОТИВ АРГЕНТИНА

НЕОЧЕКУВАН ИНЦИДЕНТ: Калиниќ избркан од хрватската репрезентација!

Иако се чинеше дека се оди според планот после трите запишани бодови против Нигерија, шок во таборот на „коцкастите".

објавено: 18 јуни 2018 - 11:33

Селекторот на Хрватите Златко Далиќ имаше намера во игра да го внесе фудбалерот на Милан, како замена за Манџукиќ, но 30-годишниот напаѓач одбил велејќи дека чувствувал болки на грбот.

Ова не се случува прв пат, претходно идентична ситуација имаше на пријателскиот натпревар против Бразил во Ливерпул на почетокот од овој месец. Покрај споменатата повреда, Калиниќ воедно не е задоволен од статусот и улогата како резерва, па веднаш го напушти кампот на хрватската селекција.

Се очекува наскоро да се огласи Далиќ кој со ваквиот потег одлучил да го заштити својот авторитет и атмосферата, а со оглед на тоа што наредниот меч ќе го имаат против Аргентина на Мундијалот сигурно не им требаше ваков инцидент.

Најново во Меѓународен Фудбал