И ТОА КАКО ИМААТ МОТИВ ДА ТРИУМФИРААТ НА МУНДИЈАЛОТ

Неверојатни се премиите за Шпанците ако станат светски прваци

Секој играч на „црвената фурија“ ќе добие по дури 825.000 евра, доколку се искачат на планетарниот трон

објавено: 9 јуни 2018 - 10:45

Секој шпански репрезентативец ќе добие премија од по 825.000 евра, доколку „црвената фурија“ ја освои титулата на Светското првенство во Русија. Оваа сума е речиси два и пол пати поголема од премиите кои им се ветени на германските фудбалери доколку го одбранат тронот. На „панцерите“ им е ветено по 350.000 евра по играч.

Интересно е дека големи премии ги чека и Бразилците. Ако „кариоките“ стигнат до шестата планетарна титула, сите играчи ќе добијат по 800.000 евра премија. 

Шпанските фудбалери добија по 600.000 евра за триумфот на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка, што беше прва и засега единствена ваква титула за нив. Во 2014 година како мотив имаа премија од 720.000 евра за евентуална одбрана на тронот, но на турнирот во Бразил, Шпанија беше елиминирана уште во групната фаза. 

Најново во Меѓународен Фудбал