БЛАМАЖА

НЕВЕРОЈАТНО, БАЗЕЛ ИЗГУБИ СО 7:1

Каков натпревар на „Стад де Суис" во Берн!!! Јанг Бојс го демолираше Базел со 7:1...

објавено: 23 септември 2018 - 18:27

Базел се посрамоти за „сите пари“. Клубот кој важеше за недопирлив во швајцарската Супер лига стана за потсмев откако се избламира на гостувањето кај актуелниот првак Јанг Бојс. Поразот од 7:1 е еден од највисоките во последните 17 години  за 20-кратниот швајцарски првак.

По првото полувреме беше 3:0 за жолто-црните од Берн. Само што почна вториот дел и 4:0, а до крајот 7:1... Целата бламажа да биде комплетна за гостите беше исклучувањето на Едер Баланта во 62 минута што беше почеток на крајот за нив.
За Јанг Бојс стрелаа седум различни фудбалери (Фаснакт, Сулејмани, Камара, Оаро, Абикер, Бертоне и Асале), утешниот гол за Базел го даде холандскиот напаѓач Ван Волфсвинкел.

Ако е за утеха ова не е највисокиот лигашки пораз за Базел. На 7 март 2001 година клубот претрпе пораз од 8:1 од Сион. Таа години заврши четврти на табелата, а оваа година ќе видиме. Моментално, Јанг Бојс е лидер со максимални 21 бод, а Базел е дури седми со 12 бода помалку.

Најново во Меѓународен Фудбал