КАКВА Е ОВАА СИТАУЦИЈА?

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Судија беше избран за Мундијалот, а неговата федерација го суспендира

Фахад ал Мирдаси од Саудиска Арабија, бил избран да дели правда на Светското првенство во Русија. Но, неговата федерација го суспендираше поради земање на мито, а сега се чека одлука на ФИФА

објавено: 17 мај 2018 - 21:53

Само неколку дена по скандалот со српскиот судија Срѓан Обрадовиќ, кој заврши во притвор по најсмешниот досуден пенал во историјата на фудбалот, уште поголем доаѓа од Саудиска Арабија, каде што арбитар кој бил делегиран како еден од судиите кои ќе судат на престојниот Мундијал во Русија, доби доживотна суспензија од својата федерација. 

Станува збор за судијата Фахад ал Мирдаси, кој што требаше да ја дели правдата во Русија. Меѓутоа сега неговиот пат кон Мундијалот останува под знак прашалник, со оглед дека има истрага против него за земање на мито. 

Наводно Ал Мирдаси барал пари да му помогне на тимот на Ал Итихад во финалето на саудискиот Куп против Ал Фаисали. Веднаш бил суспендиран, а ова финале го судел Англичанецот Марк Клатенбург. 

Минатата година Ал Мирдаси судеше на Купот на конфедерации, а беше дел и од ОИ во Рио пред две години. 

Сега судбината на овој арбитар е во рацете на ФИФА која ќе донесе конучна одлука, откако ја прими веста дека истиот е суспендиран од федерацијата на Саудиска Арабија. 

Најново во Меѓународен Фудбал