НАЈДЕНА Е ЗАМЕНАТА ЗА ЈУП ХАЈНКЕС

Нико Ковач е новиот тренер на Баерн Минхен

Најтрофејниот германски клуб го договори најважниот трансфер за следната сезона

објавено: 13 април 2018 - 08:00

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен објави дека е најден нов тренер за следната сезона. На местото на Јуп Хајнкес ќе биде назначен Нико Ковач. Се очекува до крајот на април, челниците на Баерн и официјално да го промовираат Ковач во наследник на Хајнкес, кој најави дека ќе оди во пензија.

Некогашниот капитен на хрватската репрезентација, но и селектор на „коцкестите“ во приодот од 2013 до 2015 година, сезонава е на клупата на Ајнтрахт. Баерн ќе плати 2,2 милиони евра за раскинување на договорот на Ковач со тимот од Франкфурт. Со Ајнтрахт во 84 меча има 38 победи, 17 реми и 29 порази.

Како играч, Ковач помина две години во дресот на Баерн, а сега толку изнесува договорот и на неговиот тренерски ангажман, секако со можност за продолжување.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал