Селекторот на „аѕурите“ се коцка на реваншот

Нова авантура на Вентура - Без Белоти и Де Роси против Шведска

Селекторот на Италија, Џампјеро Вентура одлучи малку да се коцка со составот на Италија за реваншот вечерва против Шведска, па ги изостави Белоти и Де Роси, двајца стандардни репрезентативци и наместо нив во првиот состав ги вклучи Жоргињо и Габијадини

објавено: 13 ноември 2017 - 20:17

Селекторот на Италија, Џампјеро Вентура одлучи малку да се коцка со составот на Италија за реваншот вечерва против Шведска, па ги изостави Белоти и Де Роси, двајца стандардни репрезентативци и наместо нив во првиот состав ги вклучи Жоргињо и Габијадини.

Отсутен е и Марко Верати поради жолти картони, а Италија вечерва од 20,45 часот брка негатива од 0.1 од првиот меч. Швеѓаните имаат солидна предност, но ќе треба да го преживерат пеколот на „Сан Сиро“, односно „Џузепе Меаца“ во Милано.

Состави:

Италија - Буфон - Кјелини, Бонучи, Барѕаљи - Кандрева, Флоренци, Жоргињо, Пароло, Дармијан - Имобиле, Габијадини

Шведска - Олсен, Лустиг, Линделоф, Гранквист, Аугустинсон - Форсберг, Ларсон, Јохансон, Клаесон - Тоивонен, Берг.

Најново во Меѓународен Фудбал