БРАЗИЛСКИОТ ТИМ ПРЕТРПЕ НОВ ШОК

Нова авионска драма за Шапекоенсе

Наместо во Шапекоенсе, авионот принудно морал да слета во Порто Алегре, а екипата потоа патот го продолжи со автобус

објавено: 19 мај 2017 - 12:41

Бразилскиот клуб Шапекоенсе преживеа нова драма со авионските летови. На враќање од Аргентина, каде играа против Ланус во Либертадорес Купот, авионот морал принудно да слета во Порто Алегре. Причина за ваквото слетување е тоа што од аеродромот во Шапеко најавиле дека не се подготвени за слетување на авионот. Од Порто Алегре, играчите на Шапеко дома се вратиле со автобус.

Шапекоенсе е тимот кој пред само неколку месеци претрпе една од најстрашните несреќи во историјата на спортот. Авионот со кој патуваше во Колумбија, се сруши неколку минути пред слетување. Во авионската несреќа загинаа 71 луѓе, од кои 19 беа фудбалери на бразилскиот тим. Само тројца го преживеаа падот на авионот.

За среќа, овојпат авионскиот инцидент немаше катастрофални последици и сите играчи на Шапекоенсе живи и здрави се вратија дома.  

Најново во Меѓународен Фудбал