ВИКЕНД КОЈ НИ ДОНЕСУВА СПЕКТАКЛИ ШИРУМ ЕВРОПА И СВЕТОТ

Нова фудбалска треска: Сити-Јунајтед, Милан-Јуве, Бока-Ривер...! (ВИДЕО)

Нема сомнение дека можеби европските дерби натпревари како на пример Милан-Јувентус, Манчестер Сити-Манчестер Јунајтед, Монако-ПСЖ, Борусија Дортмунд-Баерн Минхен се поинтересни од оние во Јужна Америка, но дефинитивно посебно треба да се истакне и почитува аргентинското Суперкласико.

објавено: 9 ноември 2018 - 18:55

Бока Јуниорс и Ривер Плата се двете најголеми екипи во земјата, доволно е само да ги погледнете нивните квартови во кои се сместени стадионите и ќе сфатите зошто толку големо ривалство и зошто е посебен тој меч.

Првиот натпревар од финалето во Копа Либертадорес ќе се игра на теренот на Бока в сабота од 21:00 часот по македонско време, а реваншот е во истиот термин на 24. ноември.

Борусија Дортмунд-Баерн Минхен (Бундеслига, 11. коло)
10. ноември (18:30 ч.)

Бока Јуниорс-Ривер Плата (прв натпревар, финале, Копа Либертадорес)
10. ноември (21:00 ч.)

Манчестер Сити-Манчестер Јунајтед (Премиерлига, 12. коло)
11. ноември (17:30 ч.)

Олимпијакос-Панатинаикос (Грција, 10. коло)
11. ноември (18:30 ч.)

Милан-Јувентус (Серија А, 12. коло)
11. ноември (20:30 ч.)

Монако-ПСЖ (Лига 1, 13. коло)
11. ноември, 21:00 ч.)

Најново во Меѓународен Фудбал